sloga.import@yahoo.com +389 71 634 495

Индустриски генератори за секој бизнис

МОЌТА НА ПОДГОТВЕНОСТ БЕЗ КОМПРОМИС

Лесна и брза инсталација за секој генератор во нашата понуда. За подготовките да течат непречено заедно со Вашиот бизнис. Разни модели на генератори на бензин со различна моќност и излезен напон од 220 и 380 V, лесна и брза инсталација за различна намена.

  • Постојана моќност
    Максималната моќност што може непрекинато да ја даде генераторот додека снабдува постојано електрично оптоварување. Просечното оптоварување може да биде 100%. Генераторот не смее да биде преоптоварен..
  • Standby моќност
    Максималната моќност достапна при постојано напојување на електрична енергија. При прекин на електронста енергија е подготвен веднаш да испорача енергија, до 200 часа активна работа годишно со просечно оптоварување од 70%. Преоптоварувањето не е дозволено.
  • Примарна моќност
    Максималната моќност што може постојано да ја даде генераторот додека се снабдува со променливо електрично оптоварување. Просечното оптоварување треба да биде 70%. Генераторот може да биде преоптоварен 10% за 1 час на 12 часа.

ПАРТНЕРИ ВО УСПЕХОТ

Обезбедуваме сѐ за градежништво. Работиме со докажани брендови со што на нашите клиенти им овозможуваме висококвалитетни и уникатни решенија и производи. Во нашата палета се опфатени производи од водечките европски и македонски производители на градежни материјали и опрема.

ПАЛЕТА НА ПРОИЗВОДИ

Во нашата понуда се агрегати и генератори со мал, среден и голем капацитет, од италијанско, јапонско и турско производство. Потоа машини за виткање и сечење, рачен алат, машини за градежништво.Опфатена е и целата програма на градежни материјали, од цемент, сите видови цигли, керамиди,мермерни и гранитни плочи со врвен квалитет идеални за ентериерно и екстериерно вградување, градежни адитиви, градежно железо, изолациони материјали, градежни лепила и премази за демит фасади...

Нашите производи Ви се на располагање