Нашата приказна
Започнавме во 1992 г. со разни услуги и производи за градежништво. Во последните 12 години обезбедуваме сѐ за градежништво: агрегати и генератори со мала и голема моќност, машини за виткање и сечење, рачен алат, мали градежни машини, градежни материјали (керамиди, мермер, цигли, блокови), изолации, градежни лепила, премази за демит фасади, мермерни и гранитни плочи.
Од почетокот се определивме секогаш да обезбедуваме максимален квалитет за одлична цена, на задоволство на купувачите и добавувачите, и таа цел нé води и денес.Тоа ни помага да оствариме континуирано проширување на продажниот асортиман и зголемување на бројот на партнерите кои ни веруваат.Тоа успешно го реализираме за што говори и задоволството на нашите клиенти.
Соработуваме со градежни компании, а наши клиенти се и физички лица. Секогаш сме посветени на задоволството на клиентите, професионална услуга, најдобри услови.
Во нашето работење се одликуваме со посветеност, искуство, професионалност и загарантирано задоволство кај нашите клиенти. Нашиот стручен тим, кој има долгогодишно искуство, во секој момент е подготвен да ви помогне да го одберете она што ви е потребно, со најдобар сооднос квалитет/цена.
Нашата Визија
Динамчна компанија, со поветеност на купувачите, фокусирана на малопродажба и големопродажба на градежни материјали и опрема, алати, мали градежни машини, генератори.
ПРОИЗВОДИ КОИ ГИ НУДИМЕ

Агрегати
Електричниот генератор е вртечка машина која механичката енергија ја претвора во електрична.Располагаме со Honda, Lombardini, агрегати дизел и бензин, и др
Генератори
Располагаме со широка палета на генератори со мала и голема моќност (од 12kw до 900kw) и агрегати, од италјанско, јапонско и турско производство.
Машини за виткање и сечење
Посебен сегмент во понудата се малите градежни машини и алати, од кои ги издвојуваме машините за виткање на арматурата, машини за сечење на бекатон плочките и машини за сечење на мермер и гранит.
Алати и мали градежни машини
Нудиме рачен алат и мали градежни машини
Градежни материјали
Цела програма на градежни материјали од цемент, сите видови цигли, ќерамиди, градежни адитиви, градежно железо, изолациони материјали, градежни лепила, премази за демит фасади.